Хуманитарен концерт за помош на Славица Димитрова

Хуманитарен настан организираат група млади музичари од Кочани, на летната тераса  на Еуро хотелот Гратче. Концертот е закажан за в сабота на 18. јули со почеток од  12:00 ч.

Настанот се организира за помош на Славица Димитрова од Кочани,  на која и се потребни финансиски средства за операција во Русија.

-Концертот ќе се одржи во Еуро хотел Гратче во Кочани со почеток од 12:00 до 17:00 ч. На концертот настап ќе имаат млади и талентирани музичари од Кочани, со една цел да и помогнеме на нашата сограѓанка Славица Димитрова.Ги замолуваме сите граѓани кои се во можност да дојдат и да донираат за Славица да ја собере дел од потребната сума на пари. На настанот ќе бидат поставени кутии за донација – рече Викторија Захариева организатор на настанот.

Младата сограѓанка Славица Димитрова има потреба од финансиска помош во износ од 6.000 евра за третман со матични клетки на Институтот за очни болести во Санкт Петербург Русија. Таа боледува makularna degeneracia и retinopatia spigmentoza, генетско заболување на очите.

Хуманите граѓани може да донираат 100 денари и на телефонските броеви:

А1-  143-476 и Телеком 143-126.

Сподели: