Хуманитарен концерт за Славица Димитрова

Во организација на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, а со поддршка на Здружението за лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Кочани, в сабота 07.12.2019 година во НУЦК „Бели Мугри “ Кочани со почеток од 18:00 часот ќе се оддржи хуманитарен концерт за Славица Димитрова.

На настанот ќе настапат фолклорните ансамбли „Билјана“ Скопје, „Бели Мугри“ Кочани, „Китка“ –Истибања, „Руен“ Кочани, како и Ирена Спасовска и Јордан Митев.

Влезницата за концертот е 50 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за лекување на младата кочанка.

Славица Димитрова боледува од ретко генетско заболување на очите за кое е потребен третман во Русија.

И.Матеничарски

Сподели: