Хуманитарен концерт „Со љубов за Јане“

Младинската организација „Авангарда“ при СОУ ” Гошо Викентиев“ Кочани в петок 06.12.2019 со почеток од 19:00  часот во НУЦК „Бели Мугри“ организира хуманитарен концерт „Со љубов за Јане“.

На концертот ќе настапат Монстерс, The heart core, Еми Стојановска, Андреј Петров, Теа Стојановска, Христијан Стоимилов, Јован Стојанов, Александра Алексова и Нина Гочевска.

 Влезницата за концертот е 50 денари. Граѓаните ќе имаат можност да донираат  во кутијата за донации што ќе биде поставена на самиот влез како и со купувње на новогодишни честитки на настанот.

Шестгодишниот Јане Николов од Зрновци има проблеми со бубрезите поради што итно му е потребен лекарски третман во Турција.

Граѓаните можат да донираат и на денарската сметка  290500018338167 на ТТК банка.

И.Матеничарски

Сподели: