Во организација на младинската организација „Авангарда“ при СОУ„Гошо Викентиев“ и подмладокот на здружението „Green“, денес во Спортската сала во Кочани се одигра хуманитарен кошаркарски натпревар за помош на Славица Димитрова.
Мешани екипи на локални кошаркари поделени на „црни“ и „бели“, одиграа неизвесен натпревар, во кој на крајот поуспешна беше „црната“ екипа со резултат 85:81. На победничкиот тим организаторот му додели пехар за постигнатиот успех.
Средствата собрани од натпреварот ќе бидат донирани на младата сограѓанка Славица Димитрова, која боледува од ретко генетско заболување на очите, за што и е потребен третман со матични клетки на клиника во Русија.
Организаторите на настанот се заблагодарија за посетеноста и покажаната хуманост на граѓаните.
И.Матеничарски
Фото: А.Арсов








