Хуманитарен натпревар во фудбал помеѓу наставници, родители и ученици по повод патрониот празник на ОУ „Крсте Петков Мисиров“

Хуманитарен  натпревар во фудбал беше организиран во салата на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари по повод патрониот празник на училиштето. Фудбал играа наставници и ученици од една екипа и родители другата екипа. Преку забава и дружење сите учесници ја покажаа хуманоста на дело и донираа за поранешен ученик во ова училиште на кој поради здравствени причини му е потребна помош.

Сите одиграа еден интересен фудбалски натпревар во кој подобри се покажаа родителите, но на истиот не беше важна победата, туку дружбата и хуманоста.

Раководниот тим на училиштето упати благодарност до ФК „Младост Тошев“ од Оризари кој подари фудбалска топка на училиштето.

Учениците од ликовната секција насликаа преубав цртеж и го подарија на родителите во знак на благодарност за учеството и хуманоста.

Свечената академија по повод патрониот празник на училиштето ќе се одржи во петок на 15. Ноември во 18 часот во спортската сала на училиштето, а цвеќе пред бистата на патронот ќе биде положено во понеделник на 18. Ноември. 

ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Оризари


Сподели: