Хуманитарна акција на здружението „Green“ – „Ако имаш донеси ако немаш земи си“

Волонтери од Здружението на граѓани  „Green“ од Кочани  и оваа сабота пред  Центарот за култура „Бели мугри“ организираа хуманитарна акција  со наслов „Ако имаш донеси ако немаш земи си“. Хуманите граѓани имаа можност да донираат облека од втора употреба, или да земат од донираната.

Од  „Green“   информираат  дека оваа иницијатива планираат да прерасне во традиција , па веќе за следната сабота најавуваат уште една акција  за донација на облека.Поради ова ги повикуваат сите граѓани да се вклучат и да дадат своја поддршка.

Собраната облека од денешната акција беше дистрибуирана до загорзени семејства од Кочани.

И.Матеничарски

Сподели: