В недела 16.02.2020 со почеток од 21:00 ч во Кафе бар „ Magic“ ќе се одржи хуманитарна забава за помош на Славица Димитрова од Кочани. Присутните ќе ги забавуваат DJ BUBI и DJ Monster. Картата за настанот чини 100, а собраните средства ќе бидат донирани за лекување на младата кочанчанка.
Славица Димитрова боледува од ретко генетско заболување на очите за кое и е потребен третман со матични клетки во Русија кој чини 6.000 евра.
Покажете ја вашата хуманост.