Цистерни на „Водовод“ превентивно ги мијат улиците во градот

Екипи на КЈП „Водовод“  доцна попладнево започнаа акција за миење на фрекфентните улици во градот како и местата за одлагање на отпад.

Со цистерни под висок притисок вработените во комуналното претпријатие ги обиколуваат улиците во Кочани, како превентивна мерка против новонастанатата ситуација со коронавирусот. На лице место присутен беше и директорот на КЈП „Водовод“ Андреј Киров кој ги координираше комуналните екипи.

Овие активности се интензивирани како резултат на ширењето на COVID – 19 (коронавирус), со цел да се обезбедат почисти улици, населби и места за одлагање отпад.

И.Матеничарски

Фото: А.Арсов

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial