Црвен крст Кочани со мобилни тимови за поддршка на болни и изнемоштени лица

Црвен крст Кочани со мобилни тимови на волонтери ќе вршат логистичка поддршка за дистрибуција на намирници, средства за хигиена и потребни лекови, на стари, изнемоштени лица што живеат сами, хронично-болни лица, семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители, и други ранливи категории на територијата на општините Кочани, Чешиниво-Облешево и Зрновци.

Заинтересираните лица можат да се пријават на телефонските броеви 070/373-677 или 070/360-855 во периодот од 08.30 до 12.00  часот. Услугата за доставата на мобилните тимови е бесплатна, а граѓаните потребно е само да ги покријат трошоците за купените артикли и лекови. Целта е да не се  остваруваа непосреден контакт со останати лица, со што повозрасните би биле исложени на дополнителна ризик.

Од локалниот  Црвен крст Кочани апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките на Владата и Општината, и да се однесуваат одоворно кон своето здравје и здравјето на сите во заедницата.

И.Матеничарски

Сподели: