Црвен крст Кочани со мобилни тимови на волонтери ќе врши дистрибуција на намирници, средства за хигиена и потребни лекови на повозрасните граѓани и изнемоштени лица кои се во лоша здравстена состојба.
Заинтересираните лица можат да се пријават на телефонските броеви 070/373-677 или 070/360-855 во периодот од 08.30 до 12.00 часот. Услугата за доставата на мобилните тимови е бесплатна, а граѓаните потребно е само да ги покријат трошоците за купените намирници.
Целта е да не се остваруваа непосреден контакт со останати лица, со што повозрасните би биле исложени на дополнителна ризик.
Од локалниот Црвен крст Кочани апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките на Владата и Општината, и да се однесуваат одоворно кон своето здравје и здравјето на сите во заедницата.
И.Матеничарски