Црвен крст Кочани успешно ја реализираше првата крводарителска акција во 2021 година

Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Кочани денеска се спроведе редовната јануарска  крводарителска акција која воедно беше и прва крводарителска акција во Црвен крст Кочани во 2021 година.

Под посебни услови за заштита од Ковид-19 на акцијата крв даруваа 31 крводарител, а истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Штип.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: