Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Кочани денеска се спроведе последната акција за дарување на крв во 2020 година.
Под посебни услови за заштита од Ковид-19 на акцијата крв даруваа 20 крводарители, а истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Штип.
Во знак на благодарност на крводарителите им беа подарени брендирани чаши со логото на Црвен крст.
Освен на крводарителските акции во Црвен крст Кочани, граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во просториите на Службата за трансфузиона медицина Кочани.
И. Матеничарски
Фото: A. Арсов