Црвен крст – Кочани ја спроведе мартовската крводарителска акција, собрани 38 крвни единици

Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше  предвидената мартовска крводарителска акција.

На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 38 дарител и истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Штип.

Крводарителската акција е третта по ред годинава што се спроведува во просториите на  Црвен крст – Кочани, а планирани се вкупно 12 акции, односно секој месец од годината по една.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: