Црковен собир на манастирот „Добра вода“ во Оризари

На втор ден Божиќ на манастирот „Добра вода“ во Оризари се одбележува собир на Пресвета Богородица.

На овој голем црковен народен собир, кој од година во година прерасна во традиција, присутен беше и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, заедно со директорот на КЈП „Водовод“, Иван Иванов.

Секоја година се дели лепче со паричка, домаќинките принесуваат сукани зелници, а се пеат и свират традицинални народни песни и ора. И оваа година присутните уживаа во исполнување на народните македонски песни од страна на ФА „Љупчо Сантов“ – Оризари.

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов пред домаќините на народниот собир и присутните ја искажа поддршката од страна на Локалната самоуправа во однос на инфраструктурата во и околу манастирот.

Сподели: