По повод христијанскиот празник Св. Димитриј – Митровден кај параклисот „Св. Димитриј“ во населбата Трајаново Трло во Кочани се организира црковно-народен собир за верниот народ.
Вечерва во чест на празникот ќе биде отслужена Света литургија, додека утре со почеток од 10 ч. ќе биде осветен и пресечен Славскиот колач и организиран ручек за верниот народ.
Од Црковниот одбор на параклисот ги повикуваат верниците да го посетат параклисот во чест на празникт Митровден.
Параклисот во Трајаново Трло „Св. Димитриј“ започна да се гради пред две година со благослов на Брегалничката Епархија од страна на Црковниот одбор на храмот преку донации на граѓани и стопанственици.
За две година преку донации на граѓани и компании Црковниот одбор успеа да го изѕида храмот, постави нова кровна конструкција, негово уредување и поставување на деветметарски свет крст.
И. Матеничарски