Регионалниот ЦУК Штип, известува за пожар на отворено на територијата на Кочани. Во моментов има пожар на отворено покрај магистралниот пат Кочани -Виница, каде што гори стрниште, запалена трска и големо количество фрлени стари автомобилски гуми, поради што се гледа густ чад. Пожарот е на просторот локациски наспроти фабриката за хартија, каде што на лице место е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Конкретно, од запаленото стрниште се запалила високата трска во којашто имало фрлено големо количество стари автомобилски гуми.
Пожарот е пријавен во 14,20. За гаснење на пожарот и спречување на негово проширување брзо и ефикасно интервенирале пожарникарите од ТППЕ Кочани (3 ПП возила со 8 пожарникари и неколку доброволци), а додека траела акцијата за гасење на пожарот сообраќајот на тој патен правец бил во прекин. Ситуацијата се следи од страна на ЦУК и пожарникарите коишто се на терен.
Инаку, Анегелов денеска е во службена обиколка на регионалните центри за управување со кризи во тој регион.
ЦУК