„Чао градинке“ – Завршна приредба на децата од ДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани

Со песни и  игри и под мотото „Чао градинке“ дечињата од големите групи од ДГ „Павлина Велјанова“ Кочани во МКЦ имаа завршна претстава со која го означија крајот на деновите поминати во градинка, а  од септември започнуваат во школските клупи.

– Јас како директор на нашата детска градинка заедно со вработените и со вас драги наши дечиња, да се потсетиме и да го заокружиме најубавиот период од вашиот живот кој што го поминавме сите заедно во изминитиве години. Во деновите поминати во градинката научивме да пееме, да играме, да се смееме, да се радуваме, но понекогаш и да се расплачеме. Од срце Ви благодарам и Вам почитувани родители бидејќи вашата поддршка и соработка се важни за нас. На нашите воспитувачи и негуватели изразувам огромна благодарност за преданоста и неуморната работа. Од мое име и од името на целиот тим на сите вработени им посакувам на идните првачиња многу среќа и здравје, рече Јованка Ефтимова, директорка на ДГ „Павлина Велјанова“.

Пред присутните во салата низ песна, игра, глума, со многу возбуда и уште повеќе насмевки малите големковци покажаа дека се подготвени за училиште. 

Сподели: