Чествување на годишнините од Илинденската епопеја и Првото заседание на АСНОМ

По повод големиот македонски празник Илинден – Денот на Републиката, кога се одбележуваат 118 години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ, општински и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата.

– Илинден спјува два историски настана за македонскиот народ. Овој празник е упориште на нашата самобитност и на нашето себепрепознавање, израз на вековниот стремеж за слобода и негово остварување. Нека им е вечна славата на сите борци за слобода и нека ни е честит и вековит празникот – вели во својата празнична честитка Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Сподели: