По повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед.
– Овој празник нека ги утврди духовниот напредок, толеранцијата и слогата и сите нека нѐ поттикне да придонесуваме за спокоен и подобар живот. Верувам дека значењето на празникот мотивира заеднички да одговориме на предизвиците со кои се соочува современиот свет и сите заедно да бидеме добар пример за идните генерации – стои во честитката од градоначалникот Илијев.