По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев упати честитка до православните верници.
– Светлината на овој празник нека внесе здравје, мир и хармонија во секој дом, во секое семејство. Празникот на кој ја славиме победата на животот над смртта нека влее надеж и нека ни даде сила и верба за истрајност и надминување на сите предизвици и искушенија. На сите граѓани им посакувам радосни и весели празници – се вели во честитката на градоначалникот Илијев.