На 2 Август 2020 г. се навршуваат 76 години од Првото заседание на АСНОМ и 117 години од Илинденското востание.
По повод големиот празник, Денот на Републиката – Илинден, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев упати честитка до граѓаните, во која се вели:
– Илинденската епопеја е континуитетот на македонската историја, симболот на победата којшто ги соединува Илинденското востание и АСНОМ, 1903 и 1944. Илинден ја трасира македонската државотворност и ги спојува стремежот, непокорот и победата. Честит и вековит да ни е Илинден – стои во честитката од градоначалникот Илијев.
Во знак на почит кон жртвите за слободата, на 2 Август во 9 ч. делегација од Општина Кочани ќе положи свежо цвеќе на Споменикот на слободата.
Во 9:30 ч. делегација од ОУ „Никола Карев“ и директори на основните и средните училишта од Кочани ќе положат цвеќе на споменикот на Никола Карев во Паркот на Револуцијата во Кочани.