Честитка по повод Курбан Бајрам од градоначалникот Љупчо Папазов

По повод празникот Курбан Бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, испрати честитка до верниците од муслиманска вероисповед, во која се вели:

-Во пресрет на верскиот празник Курбан Бајрам, од мое лично име и од името на општинската администрација упатувам искрени честитки до сите верници од исламската вероисповед.

Овој празник не потсетува дека со помагањето едни на други го зајакнуваме меѓучовечкото разбирање, соживотот и градиме поубава иднина и општина.

Ви посакувам овој голем празник да Ви донесе среќа, радост, љубов и внатрешен мир – стои во честитката од градоначалникот.

Сподели: