Честитка по повод Курбан бајрам од градоначалникот Љупчо Папазов 

По повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, од мое име и од името на Општина Кочани до сите верници од исламска вероисповед упатувам искрени честитки и желби за добро здравје, радост и благосостојба. 

Празникот на солидарноста, милосрдието, дарежливоста и човечноста нека биде мотив да живееме во разбирање, почитување и хармонија и во соживот да градиме поубава иднина за нашата општина и за сите нејзини граѓани. 

Честит Курбан бајрам!

Сподели: