August 13, 2020

Честитка по повод Курбан бајрам од градоначалникот на Кочани Николчо Илијев

По повод верскиот празник Курбан бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев упати честитка до припадниците од исламска вероисповед, во која се вели:

„Ви го честитам големиот верски празник Курбан бајрам.

Искрено ви благодарам за придонесот во негувањето на соживот со граѓаните од сите заедници, како и за поддршката што ја давате во развојот на Кочани.

Повикувам и во иднина етничката и верската различност да нè зближуваат и да бидат мост меѓу сите граѓани во нашата општина и држава“ – стои во честитката од градоначалникот Илијев.