Честитка по повод Петровден од градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев

Почитувани,

Ви го честитам Петровден, празникот на Кочани.

Празник што ги спојува верата и традицијата, што ја утврдува љубовта и ја поттикнува надежта. Празник што го поврзува минатото и сегашноста на Кочани.

Во услови на здравствена криза и во отсуство на настаните што ги организираме по повод Петровден, посакувам празникот да го одбележиме во мир и радост, а почитта кон градот и неговиот закрилник да ни биде мотив за напредок, пријателство и толеранција, мотив да градиме сигурна и поубава иднина за новите генерации.

Нека ни е честит и вековит Петровден, патрониот празник на Кочани.

Николчо Илијев,градоначалник на Општина Кочани

Сподели: