Честитка по повод Рамазан Бајрам од градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов

По повод празникот Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до верниците од исламската вероисповед, во која се вели:

Почитувани,

Во пресрет на големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам, на сите верници од исламската вероисповед во Кочани им го честитам и им посакувам овој празник да донесе спокој, мир и радост во домовите. Меѓусебното почитување и човековите вредности нека бидат заедничката водилка која сите ќе нѐ обединува.

Да градиме меѓучовечко разбирање и сите заедно да продолжиме кон градење на соживот и подобро општество, со што заеднички ќе бидеме пример за идните генерации кои доаѓаат.

Љупчо Папазов
Градоначалник на Општина Кочани

Сподели: