Градоначалникот на Општина Кочани на сите граѓани им го честита 11 Октомври, денот на народното востание против фашизмот.
– 11 Октомври е симбол на македонскиот непокор, на борбата за слобода, мир, своја држава, заедништво. Визијата за слободна, демократска, економски стабилна земја, членка во евро-атлантското семејство претставува континуитет на идеалите на паднатите борци да се продолжи патот кон подобра и безбедна иднина за поколенијата што доаѓаат – се вели во честитката на Илијев по повод празникот.
По повод 11 Октомври, делегации од Општината, Советот на Општина Кочани и од Сојузот на борци од НОВ положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на спомен-бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата.