Четвртоодделенците од „Малина Попиванова“ на час со градоначалникот Папазов

Учениците од четврто одделение од ООУ „Малина Попиванова“ часот по Историја и општество го одржаа во салата на Советот на Општина Кочани каде што се сретнаа и разговараа со градоначалникот Љупчо Папазов.

Поставувајќи прашања и следејќи ги одговорите од градоначалникот, во пријатна дискусија учеа непосредно за надлежностите на локалната самоуправа. Учениците се интересираа и за предизвиците со коишто се соочува првиот човек на Кочани при реализацијата на задачите од јавен интерес.

Средба со градоначалникот е планирана со четвртоодделенците од сите кочански основни училишта.

Сподели: