Младите фудбалери на Фудбалската школа „Фудбал Старс“ прикажаа успешна игра на Меѓународниот турнир „Сандански Куп“ што во периодот од 22 – 27 февруари се одигра во градот Сандански, Р. Бугарија.

Фудбалерите од генерацијата 2013 година го освоија високото четврто место на турнирот натпреварувајки се со млади фудбалери од држави од регионот.

– Задоволни од играта со која докажавме дека можеме да се носиме со најдобрите екипи кои имаат одлични услови за работа. Високото 4 –то место за генерација 2013 претставува мотив, тие дечиња уште повеќе да се залагаат и да напредуваат во нивната игра. Научивме да даваме голови на најдобрите и да пружиме силен отпор да се одбраниме од најдобрите. Задоволство беше да се присуствува и да се гледаат тие дечиња како првите натпревари„летаат“ по теренот ,но заморот, турнирскиот систем секој ден натпревари,ненавикнати на тоа, си го направи своето.Сепак многубројната публика со аплаузи ги наградуваше сите нивни фудбалски потези – истакнаа од „Фудбал Старс“.

На Меѓународниот турнир настапија млади фудбалери од генерациите 2012 и 2013 година. Од „Фудбал Старс“ истакнаа дека продолжуваат со тренинзи на младите надежи и најавија следни настапи на домашни и меѓународни турнири.