Тешка сообраќајна несреќа се случи на улицата „Страшо Ербапче“ во близина на болницата во Кочани во која според информации на очевидци има две повредени лица.
Во судирот учествувале четири автомобили со кочански регистарски ознаки од кои две во карамболот претрпеле сериозни оштетувања.
Сообраќајот на улицата „Страшо Ербапче“ е во прекин, а возилата се пренасочуваат по споредни улици. Во моментот увид на местото на настанот врши увидна екипа од Полициската станица – Кочани.
Улицата „Страшо Ербапче“ е една од најнебезбедните улици во градот. Најголем проблем се паркираните возила на улицата пред неколкуте продажни објекти како и возењето со поголема брзина од пропишаната. Неодамна, токму поради тие причини несовесен возач на пешачки премин удри во малолетен пешак и побегна, а полицијата се уште трага по истиот.
И. Матеничарски