Четири лица повредени во тешка сообраќајка на патот кон Пониква

Четири лица се повредени од кои три со потешки повреди во сообраќајна несреќа што утрово околу 1 часот по полноќ се случила на патниот правец кон Пониква во близина на м.в Аеродром.

Патничко моторно возило со штипски регистарски ознаки излетало од коловозот во бездна длабока неколку метри.

Во возилото се превезувале четири млади лица од Штип,  две машки и две девојки на кои веднаш им е укажана помош и се пренесени во Клиничка болница – Штип.

Увид на местото на настанот врши увидна екипа од ПС – Кочани.

И. Матеничарски

Сподели: