Четири медали за каратистите на „Кочани“ на Меѓународниот карате турнир „Гран При Македонија“

Викендов во Скопје се одржа Меѓународниот турнир „Гран При Македонија“ на кој учество зедоа каратисти од Карате клубот „Кочани“.

Од КК „Кочани“ соопштија:

-Во саботата на 8 март нашиот клуб учествуваше на еден од најголемите меѓународни турнири „Гранд Прих Македонија“ на кој имаше над 900 натпреварувачи од 12 земји, а нашите борци се вратија со 4 медали.

– Дамјан Симеонов У10 -35кг. 2 место

– Илина Костадинова У-14 -45кг. 3 место

– Наталија Карова У-21 -50кг. 3 место

– Илија Охомуш У-21 -75кг. 3 место

Сподели: