Министерството за здравство во соработка со Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Македонската Асоцијација на Гинеколози и Опстетичари-МАГО и Црвен Крст, а поддржани од УНФПА во текот 2022 год. спроведува активности за бесплатен ПАП тест и абдоминален ехо преглед за жени. Ова се активности во процесот на превенција и рана дијагноза на рак на грлото на матката кај жени.
Прегледот ќе биде спроведен од страна на медицинкси тим на гиниколози од Скопје. За таа цел на централна локација во општината ќе финкционира мобилна гинеколошка амбуланта каде што ќе се спроведуваат прегледите.
Активностите се планирани да се спроведуваат во месец февруари.
Поддршка на оваа активност за мобилниот тим на гинеколошка мобилна амбуланта дава општината Чешиново-Облешево и Црвениот крст.
Заинтересираните лица за бесплатен преглед може да се пријават и да се информираат на телефонот 076/205-797 и 033/351-770.
Општина Чешиново-Облешево