Членови на Клубот за планинарски спортови – „Осоговски Орел“ го искачија највисокиот врв на Осоговските Планини, врвот Руен (2252 м.н.в).

Планинарската акција започна од Рудникот „Саса“ на патека со вкупна должина од 15 км. во двата правци.
Акцијата се реализираше во зимски услови, од средно-тешка категорија.


Планинарите се движеа претежно по снег кој на надморска височина над 2000 метри беше со длабочина над десет сантиметри.
КПС „Осоговски Орел“