Членови на М.О „Единство“ учесници на четиридневна обука во Крушево

Дел од членовите на М.О „Единство“ при СОУ „Љупчо Сантов “ во периодот од 13-16 декември  учествуваа на обуката на тема „Зајакнување на учеството и демократијата кај училишните заединици- најдобри пракси на ученичко учество во Европскатса Унија“ што се одржа во Крушево.

Младинците се здобија со искуства и знаења во врска со активното учество во училишните заедници, а воедно беа споделени и проверени практики на ученичко учество во Европската Унија. Стекнатите знаења учесниците треба да ги пренесат на останатите членови, а и да ги имплементираат во младинската организација.

Концепот на обуката се состоеше од тимска работа, работилници и предавања од познати и истакнати лидери од заедницата,а на крајот учесниците добија и сертификати.

Истата беше во организација на Lead MK, Konard Adеnauer Stiftung и Wilfried Martens Center.

И.Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial