Членството на СПМ во Кочани на средба со претседателот Љупчо Димовски

Вечерва во Мултикултурниот центар, Општинската организација на Социјалистичката партија на Македонија во Кочани одржа средба со членството и симпатизерите на кочанскиот огранот.

На средбата присуствуваше претседателот на социјалистите, Љупчо Димовски кој се обрати пред присутните и ги искажа ставовите на партијата во врска со моменталната ситуација во државата како и ставовите на партијата во предизборниот период кој следи.

– Не постои сектор во државата којшто не е разнишан.Она што претходната влада го има направено за државата, од 2017 година до сега е се уништено. Големите инвестиции кои придонесоа за развој на државата и во големите инфраструктурни вложувања на помалите градови се е упропастено. Високите цени и безпарицата дополнително ја влошуваат состојбата. Секојдневно се затвараат стотици мали и средни фирми, бидејки државата не и создава амбиент за да опстојат, истакна Љупчо Димовски, претседател на СПМ.

На средбата беше истакната лошата состојба во сите сфери на општественото живеење со посебен акцент на судството и извршната власт.

Социјалистичката партија на Македонија од Кочани испрати јасна порака до членството и изборните опоненти дека партијата е подготвена за претстојниот предизборен период при што најавија и прогнозираат изборен успех.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: