Вчера на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани беа врачени шампионските пехари за освоени први места на пионерите и помладите пионери на ГФК „Осогово“.
Пехарите им ги врачи Дејан Боневски, член на комисијата за млади категории при Фудбалската федерација на Македонија притоа честитајки им ги првите места во младинската лига, со желби за поголеми успеси и промовирање на младнците во првиот тим на „Осогово“.
На церемонијата на врачувањето на пехарите присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов кој освен честитки за освоените први места, на тренерите им посака и понатамошна успешна кариера, а на младите играчи заедно со клубот да дојдат до Првата Македонска Фудбалска Лига.
За потсетување, „пионерите“ на ГФК „Осогово“ со нивниот тренер Доминик Тенев и на „помладите пионери“ на чија клупа се наоѓа Тоде Митев убедливо ги освоија првите места неколку кола пред да заврши првенството.
Фото „Комарец“