Кочани регистрира уште шест нови случаи на заразени со коронавирус, информираа денеска од Министерството за здравство.
По потврдениот прв случај на заболен од Кочани за што информиравме, денеска со уште шест позитивни лица на вирусот, вкупната бројка на заразени во градот се искачи на седум луѓе.
По ова, зголемен е и бројот на лица во домашна изолација како превентивна мерка, а прогнозите се дека бројот на заболени ќе расте.
Вкупно во Македонија до денес, заболени се 483 лица од кои 446 се активни случаи.
И.Матеничарски