Шест часа музички содржини во Кочани

Денеска во летниот комплекс „Аква“ во Кочани беше организирана програма со повеќе музички содржини под наслов „Шест часа урбан здив“ .

Организаторот Тошо Филиповски изрази благодарност за поддршката на настанот од Општина Кочани и истакна дека целта е да се промовира урбаната култура и винилот кој во светски рамки е доминантен носач на звук, кој се враќа и во Македонија и докажува дека го надживеа времето.

Настанот беше збогатен и со други културни содржини: промоции на винил-изданието „Космика“ на Васко Серафимов и на делото „Неправилен ритам“ од новинарот Љупчо Јолевски, а соло настап имаше и Зоки Трпков-Агресор, со теми од неговото прво винилно издание.

Во „Аква“ беа изложени стрипови и македонски музички плакати од Владимир Мандичевски-Манде, плакати од музички состави кои настапувале во Македонија изминативе 30 години.

Настанот „Шест часа урбан здив“ е дел од програмата на општинската манифестација „Петровден 2023“.

Сподели: