Штанд на ДПД – Кочани за превенција и заштита од пожари

По повод тригодишнината од големите пожари што во август  2021 година го зафатија Кочани, Доброволното-противпожарно друштво – Кочани реализираше активност за превенција и заштита од пожари.

На штанд во Градскиот трговски центар пред граѓаните ја презентираа опремата со која располага доброволното друштво притоа давајки им совети како да превенираат или да се заштитат од пожари.

Штандот имаше промотивен и продажен карактер при што заинтересираните можеа да купат реквизити со симболична цена и со тоа да ја поддржат работата на ДПД-Кочани или да донираат средства во донаторската кутија.

Штандот за превенција и заштита на ДПД-Кочани ќе биде поставени и денес, 03 август, од 19 ч. д 23 ч. на нова локација, во Паркот на револуцијата.

И. Матеничарски

Фото:  А. Арсов

Сподели: