Врз основа на Закон за младинско учество и младински политики и Стратегијата за млади на Општина Кочани бр. 09-1508/1 од 11.07.2019 година, Општина Кочани упатува:
ЈАВЕН ПОВИК
За поднесување на предлози за креирање на Програма за млади на Општина Кочани за 2021 година
Општина Кочани ги повикува граѓаните, здруженијата на граѓани и институции со идеи, програми и проекти да се вклучат во креирањето на Програмата за млади на Општина Кочани за 2021 година.
Предлозите може да ги достават до едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или на меил georgievabinka@yahoo.com најдоцна до 25.11.2020 година. При поднесувањето на предлозите наведете ја вашата електронска пошта.
Раководител на одделение за јавни дејности
Голубинка Георгиева