Општина Кочани објави јавен повик за учество во постапка за распределување на расположливи лиценци, односно слободни места за користење на изводи за лиценци за авто такси возила.
Заинтересираните лица со начинот на поднесување и потребната документација можат да се запознаат со клик на следниот линк.
Јавниот повик трае 7 (седум) работни дена сметано од денот на објавувањето на огласна табла на Општина Кочани и на официјалната веб страница на Општината. Право на учество имаат како постојаните така и идните вршители на авто такси дејноста.