Јавен повик за субвенции за набавка на печки на пелети или инвертер клими

Општина Кочани објави јавен повик за субвенционирање на граѓани жители на општина Кочани за покривање на дел од трошоците за набавка на печки на пелети и инвертер-клими.

Со цел да се  стимулираат граѓаните на Кочани за примена на нов начин на греење со кој ќе се намали загадувањето на воздухот на подрачјето на општината, сите што купиле печка на пелети или инвертер клима во периодот на траењето на јавниот повик ќе им се  надоместат дел од трошоците направени при купувањето на печка на пелети или инвертер клима во висина од по 10.000,00 денари, нето износ по барател.

Барање за субвенција може да поднесе едно лице од едно домаќинство за еден вид субвенција – за печка на пелети или инвертер клима, а ќе се оди на принципот прв дојден прв услужен.

Граѓаните кои сакаат да бидат субвенционирани потребно е да се жители на Кочани, да имаат платен данок на имотот за 2020 година, каде што ќе се инсталира печката или инвертер климата, а воедно печката на пелети треба да е купена во периодот од 14.09 до 14.10 2020 година, односно за времетрање на јавниот повик.

Учесниците на повикот потребно до поднесување на барањето да се корисници на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут, а инвертер климата или печката на пелети веќе да биде инсталирана во домаќинството,а барателот да нема користено ваков вид субвенција претходно.

Краен рок за поднесување на барање за субвенција  е 14.10.2020 година до 15:30 часот до  Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани.

Дополнителни информации може да добиете на тел.033/274-001, моб.тел.072/306-065 Јалчн Неџипов или со клик овде.

И.Матеничарски

Сподели: