Јавен повик за членови на Комисијата за распределба на средствата од Програмата за спорт за 2020 година

Советот на Општина Кочани  донесе одлука за формирање нова Комисија за распределба на средствата од Програмата за спорт за 2020 година.

Во Комисијата, покрај редовните, треба да бидат вклучени и надворешни лица, познавачи на спортските прилики во Кочани, упатени во изготвување на вакви или слични критериуми и подготвени за соработка и сл.

Општина Кочани ги повикува сите заинтересирани лица, клубови и здруженија да  се пријават односно да пријават членови во Комисијата за распределба на средствата од Програмата за спорт за 2020 година.

Рокот за пријавување е до 15 јануари 2020 г. Пријавата (којашто ја има и во електронска форма на веб-страницата на Општина Кочани) се пополнува и доставува на Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани од 7:30 до 15:30 ч.   

Сподели: