September 28, 2020

Јавната расправа за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје ќе се одржи во салата на Спомен-домот „АСНОМ“

На 18 август 2020 г. во 18 часот во салата на Спомен-домот „АСНОМ“, Министерството за животна средина и просторно планирање организира јавна расправа по предлог-актот за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје, во категоријата V – заштитен предел.

Освен во Кочани, Министерството за животна средина организира јавни расправи и во Македонска Каменица, на 20 август, во Пробиштип на 25 август и во Крива Паланка, 26 август, сите со почеток во 18 ч. на локации што ќе овозможат спроведување на мерките и протоколите за заштита од коронавирусот.

Целта на јавните расправи е населението да биде информирано за тоа како ќе се одвиваат постојните активности во подрачјето и што ќе значи тоа за земјоделците, сточарите рудниците и за другите жители кои зависат од користење на природните ресурси односно како прогласувањето на заштитен предел ќе се рефлектира врз развојот на земјоделството, шумарството и социо-економскиот развој.

Истовремено, граѓаните односно засегнатите страни можат да доставуваат коментари, забелешки и консултации по предлог-актот кој е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб-страницата на Министерство за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk.