Во рамките на проектот ReLOaD2 што го реализира Општина Кочани со Програмата за локална демократија – УНДП, во поранешната сала на Советот на Општина Кочани беше одржана Дебата со граѓанските организации од Општина Кочани за приоритети на проектите, со цел успешна соработка и имплементирање проекти кои се од интерес на граѓаните и општината.
На дебатата беа разгледани приоритетите од областа на заштитата на животната средина, туризам, социјална инклузија и младински иницијативи.
Во следниот период ќе биде објавен јавен повик за пријавување на граѓански организации за поднесување на предлог проекти во рамки на проектот.
И. Матеничарски