Локалната самоуправа на Општина Кочани распиша јавна набавка за избор на изведувач за изградба и асфалтирање на локалниот пат Крушка – Ајдар на Осоговијата. Станува збор за втора фаза на локалниот планински пат во должина повеќе од 1 километар.
Според тендерската спецификација избраната фирма потребно е да изврши подготвителни работи на теренот, односно расчистување на грумушки, сечење на дрвја како и обележување и осигурување на трасата. Избраниот изведувач треба да изврши машнски ископ и изработка на насипи и пропути за дренажа на вода. Поставениот асфалт потребно е да биде со дебелина од 7 сантиметри, поставен на претходно тампониран слој од дробен камен.
Вкупната вредност на јавната набавка е повеќе од 7 милиони денари, и е отворена во поедноставена постапка со краен рок за поднеување на понудите до 04 март, 2022 година.