Јавна набавка за реконструкција на два крака од „Стамен Манов“

За потребите на Општина Кочани, во тек е јавна набавка за реконструкција на два крака од улицата „Стамен Манов“.

Општина Кочани преку повикот за мали грантови во рамките на ROMACTED-програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ од Советот на Европа обезбеди грант за реализација на проектот Реконструкција на два крака од улицата „Стамен Манов“.

За имплементација на овој проект е потпишан договор помеѓу Советот на Европа и Општина Кочани, а Советот на Општина Кочани донесе одлука за сопствено учество – кофинансисрање на проектот.

Општина Кочани како договорен орган ќе спроведе набавка од мала вредност, согласно Законот за јавни набавки.

Средствата се предвидени од Буџетот на Општина Кочани.

Постапката ќе се спроведе преку Електронскиот систем за јавни набавки.

Критериум за избор на најповолната понуда ќе биде економски најповолната понуда. Економски најповолната понуда се утврдува како најдобар однос меѓу цената и квалитетот.

Сподели: