Јавна објава за ангажирање лица за ревизија на пазарна вредност на недвижен имот на територијата на општина Кочани

Општина Кочани, преку јавна објава бара 20 лица што ќе вршат ревизија на пазарната вредност на недвижен имот на територијата на општина Кочани, што претставува основа за утврдување на данокот на имот.

Лицата ќе бидат ангажирани со договор на дело и ќе вршат прибирање податоци од терен, фотографирање, евидентирање и пополнување обрасци наменети за секоја катастарска парцела на територијата на општина Кочани – во градот и во населените места – каде што има одредена градба, односно недвижен имот.

За извршените работни задачи на ангажираните лица, Општина Кочани се обврзува да им исплати паричен надоместок во износ од 100 денари за прибрани, доставени и обработени податоци за недвижности изградени на катастарска парцела која гласи на физичко лице и 200 денари за прибрани, доставени и обработени податоци за недвижности изградени на катастарска парцела на правни лица.

Заинтересираните лица треба да имаат завршено минимум средно образование и да знаат да работат со компјутери. Пријавите со документацијата се доставуваат во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или по пошта на ул. „Раде Кратовче“ бр. 1, Кочани. Рокот за пријавување е до 2. 8. 2023 година.

Сподели: