Јавна објава за времен ангажман на лица за достава на даночни решенија

Општина Кочани, распиша јавна објава за ангажирање на дваесетневработени лица за достава на акти. Ангажманот на лицата ќе се реализира со договор на дело, а ангажираните ќе вршат достава на решенија за данок на имот за физички и правни лица, решенија за комунална такса за физички и правни лица и опомени за данок на имот или комунална такса.

Доставата ќе се врши на територија на општина Кочани, а паричниот надоместок е 20 денари од   достава на еден акт.

Заинтересираните треба да имаат завршено минимум средно образование и да поднесат пријава со лични квалификации, адреса и телефон за контакт.

Пријавите со документацијата се доставуваат во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса: ул. Раде Кратовче бр.1, 2300 Кочани.

Јавната објава трае до 15 март 2021 година.

Сподели: